Достапни линкови

Фридом хаус - Пад на демократијата во Македонија


Во најновиот извештај на организацијата Фридом хаус, Македонија е во групата на полуконсолидирани демократии. Во извештајот „Земји во транзиција 2013“ се констатира дека во државите во Централна Европа и Централна Азија се повеќе владеат автократски влади кои не се грижат за демократијата.

Македонија со просечна оценка од 3,93 се најде на границата меѓу групата земји со полуконсолидирани демократии и оние со транзициски влади и хибридни режими.
Во најновиот извештај на Фридом хаус Македонија доби пониска оценка од онаа во претходниот за правната рамка и независност што пак значеше и пад на просечната оценка за демократија.

Во најновиот извештај на Фридом хаус, Македонија доби пониска оценка од онаа во претходниот за правната рамка и независност што, пак, значеше и пад на просечната оценка за демократија.

Уназадувањето на судската рамка, како што се наведува, било по алармантните нарушувања на истрагата за познато убиство и по нападниот политички притисок врз судовите од страна на министерот за здравство што фрлија сериозни сомневања врз изгледите за целосна судска реформа и врз антикорупциските напори.

Колку за објаснување, организацијата за човекови права Фридом хаус, врз основа на независни експертски мислења, ги оценува земјите во неколку категории.

Во сите други: изборен процес, граѓанско општество, независни медиуми, корупција и демократско владеење на национално и на локално ниво Македонија ги задржа претходните оценки.

Што се однесува до другите балкански земји, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово добија помали оценки во индикаторот за корупција бидејќи нивниот правен систем бил подоложен на политичко мешање.

Фридом хаус констатира дека процесот за евроинтегрирање мотивира важни реформи во земјите на Западен Балкан и даде формален механизам за напредување кон целосни демократски институции и пазарна економија.

Притоа како лидери во регионот се посочуваат Хрватска и Србија кои како и Македонија се во групата на полуконсолидирани демократии. Во оваа група се уште Бугарија, Романија и Црна Гора. Албанија и Босна и Херцеговина се во групата на хибридни режими, додека Косово е во групата на полуконсолидирани авторитарни режими.

Според директорот на извештајот „Земји во транзиција“ Силвана Хабданк Колачковска, имплементацијата на реформите клучни за владеењето на правото, особено оние за независноста на судството, била нецелосна и поткопана од недосиг на политичка волја.
Во Евроазија, приказната што ја видовме во 2012 година беше како едно авторитарно лидерство агресивно ги урива активностите на граѓанското општество. Во некои случаи, како например во длабоко вкоренетите авторитарни режими новите закони дополнително ги ограничуваа активностите на граѓанскиот сектор и слободата на собирање. Понекогаш тоа беше вистинско насилство врз демонстрантите.

„Во Евроазија, приказната што ја видовме во 2012 година беше како едно авторитарно лидерство агресивно ги урива активностите на граѓанското општество. Во некои случаи, како на пример во длабоко вкоренетите авторитарни режими новите закони дополнително ги ограничуваа активностите на граѓанскиот сектор и слободата на собирање. Понекогаш тоа беше вистинско насилство врз демонстрантите“, вели Колачковска.

Претседателот на Фридом хаус Дејвид Крамер, пак, оцени дека враќањето на Владимир Путин на претседателската функција минатата година ја донесе, како што изјави, најлошата репресија што Русите ја претрпеле од падот на Советскиот Сојуз.
директорот на извештајот „Земји во транзиција“ Силвана Хабданк Колачковска

директорот на извештајот „Земји во транзиција“ Силвана Хабданк Колачковска


Тој додаде дека Путин го искористи авторитетот во законодавството, медиумите и правосудството да воведе нови политики, дизајнирани за да ја замолчи политичката опозиција и да ги запре активностите на граѓанскиот сектор.

Ваква практика, според Фридом хаус, била забележана и во Казахстан, Белорусија, Азербејџан и Таџикистан, но и во Унгарија која повторно доби лоши оценки за демократијата под премиерот Виктор Орбан.

„Земји во транзиција“ е годишен извештај на Фридом хаус за демократизацијата во 29 земји во Централна Европа и Евроазија. Најдобро стојат Словенија, Естонија и Летонија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG