Достапни линкови

Грчкиот претседател Папуљас во Белград


Претседателот на Грција Каролос Папуљас

Претседателот на Грција Каролос Папуљас

Претседателот на Грција Каролос Папуљас од денеска е во дводневна посета на Србија на разговори со српскиот претседател Томислав Николиќ и со други официјални личности. Пред неговата посета Папуљас оцени дека Србија има право да очекува почеток на пристапните преговори со Европската унија кон крајот на овој месец. Тоа, според него, било поради историскиот договор со Косово, но и поради напорите на српската влада за усогласување со правните текови на Унијата. Папуљас утре ќе присуствува на Грчко српскиот деловен форум, по што ќе се состане и со патријархот на Српската православна црква Иринеј.
XS
SM
MD
LG