Достапни линкови

Орешарски: Бугарската влада нема да поднесе оставка


Софија, 16.06.2013.

Софија, 16.06.2013.

Бугарскиот премиер Пламен Орешарски синоќа призна дека изборот на контроверзниот медиумски тајкун и пратеник Делијан Певски за директор на државната безбедносна агенција ДАНС претставувало грешка, но нагласи дека неговата Влада нема да поднесе оставка поради тоа. Изборот на триесет и две годишниот Певски, кој е пратеник од редовите на партијата на бугарските Турци и чие семејство поседува неколку весници, телевизии и интернет сајтови предизвка остра реакција од страна на бугарскиот претседател Росен Плевнелив и дел од медиумите и резултираше со протести на неколку илјади граѓани во Софија со барање за оставка на Владата и одржување нови избори.
XS
SM
MD
LG