Достапни линкови

Македонскиот министер за здравство се најде во новиот извештај на Фридом Хаус


Политичкиот притисок на министерот за здравство врз судот, влошувањето на состојбите со судскиот систем, како и насилството кое изби по отвoрањето на истрага за убиство, се главните забелешки за Македонија во последниот извештај на Фридом Хаус - „Земји во транизиција“.

Во него е наведено дека таквите случувања отвораат сериозни сомневања за изгледите за сеопфатни реформи во судството и во напорите во борбата против корупцијата.

Во извештајот е наведено дека државите од Западен Балкан со процесот на простапување кон ЕУ се мотивирани да спроведуваат реформи и механизми кои гарантираат демократски институции и функционална пазарна економија, но имплементацијата на тие реформи најчесто е закочена од недостаток на политичка волја.

Овогодишната анализа покажува дека најпроблематични за спроведување се реформите кои се однесуваат на независност на судството. Според рејтингот, пред нас во оваа област од регионот се Србија и Хрватска кои во изминативе три години бележат мал напредок, додека Македонија, која е во група со Албанија, Косово и БиХ бележи тренд на „вознемирувачко опаѓање“ по ова прашање.

Извештајот се базира на податоци од 1 јануари до 31 декември 2012 години и го мери прогресот со помош на следните индикатори: изборниот процес, граѓанското општество, независните медиуми, националното демократско управување, демократско владеење на локално ниво, судскиот систем и неговата независност, како и справувањето со корупција.
XS
SM
MD
LG