Достапни линкови

logo-print

Фридом Хаус: Зголемено влијание на автократските влади


Во земјите од Централна Европа и Централна Азија се зголемува влијанието на автократските влади кои се помалку се грижат за демократијата е заклучокот од последниот извешај „Нации во транзиција “ на Фридом Хаус. Според овогодишната анализа за демократскиот развој од Централна Европа до Централна Азија во извештајот е наведено дека е забележливо „вознемирувачко влошување“ на условите во кои функционира граѓанското општество. Основните параметри по кои е евидентирано влошувањето се корупцијата, цензура на медиуми и насилство врз политичката опозиција.
Узбекистан и Туркменистан се оценети како најлоши по ова прашање.
Претседателот на Фридом Хаус Дејвид Крамер изјави дека враќањето на рускиот претседател Владимир Путин на функцијата минатата година ја „ донесе најголемата репресија која Русите ја виделе по падот на Советскиот Сојуз“ .
Во Украина е забележано дека парламентарните избори поминаа со политички гонења, правни манипулации, поткуп и други злоупотреби.
Централно европските држави, особено новите земји членки на ЕУ почуствуваа политичка нестабилност што се должи на притисокот од спроведувањето на остри мерки за штедење се вели во извештајот.
Унгарија која минатата година забележа драматичен пад, годинава се повеќе се оддалечува од демократиските стандарди под власта на премиерот Виктор Орбан, е наведено во извештајот.
На Балканот, особено во Албанија, Босна и Херцеговина и Косово се забележува пад во справувањето со корупцијата, бидејќи судството е чуствително на политичко влијание, а новинарите се соочуваат со заплашување и напади.
XS
SM
MD
LG