Достапни линкови

logo-print

Обама и Путин не се согласуваат за справувањето со кризата во Сирија


Американскиот претседател Барак Обама и неговиот руски колега Владимир Путин се сретнаа на маргините на Г8 Самитот во Северна Ирска каде што разговараа за кризата во Сирија.
Путин по средбата изјави дека двете земји не се согласуваат за тоа како да се стави крај на двегодишниот конфликт во Сирија, но сметаат дека е неопходно тој конфликт да биде окончан и дека и двете завојувани страни треба да седнат на преговарачка маса.
Обама ја повтори пораката дека е неопходно што е можно побрзо да биде прекинато насилството и додаде дека Вашингтон и Москва сакаат да се осигураат дека не се употребува хемиско оружје во Сирија. Тој истакна дека двајцата лидери ќе испратат свои тимови во Женева на мировната конферениција.
Претходно сирискиот претседател Башар Ал Асад ја предупреди Европа дека „скапо ќе плати “ ако им испорача оружје на бунтовниците.
Тој во интервју за германски весник негира дека во конфликтот било користено хемиско оружје.
Обама изјави дека тој и неговиот колега Путин изразуваат внимателен оптимизам во врска со дијалогот со Иран по изборот на Хасан Рохани за претседател.
XS
SM
MD
LG