Достапни линкови

Завршува Г8 Самитот во Северна Ирска


Дводневниот Самит на водечки глобални економии Г8 завршува денеска во Северна Ирска. Главниот фокус на денешните разговори се очекува да бидат економските прашања вклучувајќи ги темите- данок, трговија и транспарентност, како и случувањата во Сирија. САД и ЕУ сопштија дека започнуваат преговори за најамбициозната трговска зделка ветувајќи дека со тоа ќе се отворат илјадници нови работни места и дека ќе се забележи забрзан економски раста на двете страни од Атлантикот. Глобалните лидери кои менаџираат со околу 70 трилиони долари од глобалната економија разговараа и за светската економија и случувањата во еврозоната.
XS
SM
MD
LG