Достапни линкови

logo-print

Преспа има туристи, но нема каде да ги смести


Преспа.

Преспа.

Во овој регион има само четири хотели стари неколку децении, дел од кампинзите немаат елементарни услови за летување, а во приватното сместување нема доволен број на легла.

И оваа туристичка сезона рак рана на Преспа ќе биде недоволниот број на сместувачки капацитети. Овој регион кој располага со десетина туристички локации има само четири хотели стари неколку децении, а дел од кампинзите немаат елементарни услови за летување и се со обраснати плажи со трска. Приватно сместување се нуди во куќи најчесто оддалечени од плажите и со недоволен број на легла.
Повеќето ако има гости подготвуваат услови за нивен престој.

Васка Капетановска, жител на село Љубојно вели:

„Има и селска кафана, тоа е пансион, кој се занимава со примање на гости. Неколку куќи издаваат соби. Повеќето ако има гости подготвуваат услови за нивен престој.“

Од Здружението за развој на алтернативен туризам велат туристи доаѓаат дури од странство, но во преспанските села нема доволно легла за да ги прифатат.
Мало е сместувањето, куќите се со три-четири легла најмногу до десет. Тоа не кочи, туристите бараат повеќе.

„Тука има многу мали капацитети за да се понудат за алтернативен туризам. Мало е сместувањето, куќите се со три-четири легла најмногу до десет. Тоа не кочи, туристите бараат повеќе. Доаѓаат во групи и бараат сместување за над 20 лица, исто и оние кои прават семинари, обуки сакаат да се сместат на едно место, а нас можностите за тоа ни се мали“, вели Гордана Секуловска, претставник на здружението.

Од општина Ресен велат дека проблемот со сместувачки капацитети ќе го решаваат со изградба на две туристички развојни зони кои имаат за цел да привлечат бизнисмени заинтересирани за градење хотели.

„Тоа ќе значи отворање на можност инвеститори да градат сместувачки капацитети бидејќи факт е дека во Преспа единствено што му недостига се сместувачките капацитети. Важно е да се привалечат туристи кои во Преспа ќе останат повеќе денови, а не онака како што е сега пракса форсирање на некаков дневен туризам“, изјави градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG