Достапни линкови

logo-print

САД и ЕУ пред историски договор за слободна трговија


Северна Ирска, 17.06.2013

Северна Ирска, 17.06.2013

Соединетите Држави и Европската Унија во наредниот месец во Вашингтон ќе започнат преговори за нов договор за слободна трговија, соопштија денеска лидерите на ЕУ и американскиот претседател Барак Обама на самитот на Г 8 во Северна Ирска. Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо оцени дека со договорот и двете страни ќе имаат огромни бенефиции, додека пак Обама истакна дека ќе биде создадена можност за отворање стотици илјади работни места од двете страни на Атлантикот. Британскиот премиер Дејвид Камерон нагласи дека трговскиот договор ќе биде најголемиот билатерален договор во историјата.
XS
SM
MD
LG