Достапни линкови

Разговори Рикер - Бесими


Европската интеграција на Република Македонија и значењето на овој процес во однос на стабилноста и развојот на земјата и регионот се темите на кои разговараа денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими и заменик помошникот држаен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Филип Рикер, кој престојува во посета на Република Македонија.
Како што е соопштено од кабинетот на Бесими, на средбата, било укажано на потребата од што поскоро решавање на прашањето за името со поголем ангажман од двете страни инволвирани во ова прашање, со цел евроатлантската перспектива на Македонија да стане реалност.
- Евро-атлантската перспектива на Западен Балкан останува заеднички интерес на Република Македонија и Соединетите Американски Држави, констатирале Бесими и Рикер.
XS
SM
MD
LG