Достапни линкови

Рикер: Луѓето имаат право да знаат што се случува со името


Средба на премиерот Никола Груевски со заменик помошникот на државниот секретар на САД Филип Рикер.

Средба на премиерот Никола Груевски со заменик помошникот на државниот секретар на САД Филип Рикер.

САД го подржуваат процесот на решавање на името кое се води под покровителство на ОН, изјави Филип Рикер при посетата на Скопје. Според него за процесот потребно е дијалог не само меѓу лидерите, туку и со јавноста, оти луѓето имаат право да знаат што се случува.

Го подржуваме процесот за решавање на името под покровителство на ОН и се разбира дека тоа прашање вклучува голема ангажираност и потреба за преговори, рече Филип Рикер по средбата со премиерот Никола Груевски, посочувајќи го концептот на Србија и Косово како пример преку кој со посредство на ЕУ може да се постигне договор.
Задоволни сме што амбасадорот Нимиц даде нови предлози и се надеваме дека ќе се работи на тоа. Процесот е се уште во тек, само е потребно волја и желба да се оди напред и да има дијалог не само меѓу лидерите, туку и со јавноста. Луѓето имаат право да знаат што се случува.

„Задоволни сме што амбасадорот Нимиц даде нови предлози и се надеваме дека ќе се работи на тоа. Процесот е се уште во тек, само е потребно волја и желба да се оди напред и да има дијалог не само меѓу лидерите, туку и со јавноста. Луѓето имаат право да знаат што се случува“, рече Рикер.

Тој ја поздрави средбата на претседателот на СДСМ Зоран Заев со премиерот и изјави дека конструктивната опозиција има големо значење за секоја демократија. Ова е нов почеток и само така може да се решаваат проблемите и да се дебатира за сите прашања, рече Рикер.

На средбата се разговараше и за евроатланската интеграција на Македонија, а беа истакнати чекорите кои се преземаат во повеќе сфери за унапредување на процесите и стандардите, со осврт на унапредување на политичкиот дијалог во земјата.
Од Владата соопштија дека соговорниците го истакнале задоволството од континуираното унапредување на пријателските односи и интензивната соработка помеѓу двете држави на секое ниво од взаемен интерес.
На средбата се разговараше и за евроатланската интеграција на Македонија, а беа истакнати чекорите кои се преземаат во повеќе сфери за унапредување на процесите и стандардите, со осврт на унапредување на политичкиот дијалог во земјата, се наведува во соопштението.

Од Американската амбасада во Скопје велат дека цел на посетата на Рикер е утрешната конференција на министрите за надворешни работи од Јадранската група, чиј претседавач е Македонија, а се одржува под покровителство на Соединетите Држави. Токму таму ќе учествува Рикер, велат од Амбасадата но, не соопштуваат повеќе детали околу неговата агенда и средбите со претставници на државниот врв.

Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани пак се сомнева дека конференцијата е вистинската причина за посетата на Рикер во Скопје. Според него Соединетите држави прават уште еден обид да го затворат прашањето за името пред претстојниот самит на земјите членки на Европската унија.

„Ја користи можноста за да разговара со државниот врв и со претставниците на политичките партии за последен обид пред Самитот да се добие некаков позитивен одговор од државниот врв за последниот предлог на Метју Нимиц, затоа што провејуваат информации дека тој предлог категорично е одбиен од државниот врв на Република Македонија.“

Рикер ќе ја искористи можноста на македонските политичари да им ги пренесе ставовите на американската администрација за македонските евроинтеграции и важноста да се реши спорот.

„Не би рекол некој притисок, меѓутоа една сугестија, еден совет од човек кој ја познава ситуацијата да направи уште еден обид да се добие некаков позитивен одговор шанса со шанса да се реши проблемот со името.“

Вчера Рикер се сретна со градоначалничката на Тетово Теута Арифи, а според информациите од нејзиниот кабинет на средбата било разговарано за политичките случувања, за регионалните процеси на соработка и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во евро-атлантските структури и за поддршката на Соединетите Држави за демократските процеси.

Последната посета на Рикер во земјава се случи пред неполна година, кога државниот секретар Рикер, го истакна задоволството од одличните билатерални односи меѓу двете пријателски земји и интересот истите и во претстојниот период да се развиваат со несмалена динамика. Тој го реафирмираше познатиот став за цврста поддршка од страна на Соединетите Американски Држави за што поскорешно членство на Република Македонија во НАТО.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG