Достапни линкови

logo-print

Белград и Приштина разменија офицери за врски


Србија и Косово денеска извршија размена на офицери за врски, кои ќе имаат задача да ја олеснат комуникацијата во рамки на примената на Договорот од Брисел. Офицер за врска на Србија при Канцеларијата на ЕУ во Приштина е Дејан Павиќевиќ, а на Косово при Мисијата на Унијата во Белград е Љуљзим Пеци. Павиќевиќ изјави дека ниту тој, ниту Пеци ќе немаат дипломатски статус. Пеци, од своја страна, пак изјави дека се надева оти во Белград ќе воспостави канал за комуникации со сите владини институции.
XS
SM
MD
LG