Достапни линкови

logo-print

Меркел шокирана од тврдиот одговор на турските власти кон демонстрантите


Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска изјави дека е „шокирана“ од тврдиот приод на властите кон антивладините протести во Турција.
-„Ужасната сум како и многу други“, рече Меркел за германската телевизија РТЛ, по повод активностите на полицијата кон протестите, што траат веќе повеќе од две недели.
Запрашана дали одговорот на Анкара кон протестите е во согласност со начинот на кој треба да реагира една земја кандидат за членство во ЕУ, Меркел кажа дека „тоа што се случува во Турција во моментов, не одговара на нашата претстава за слобода на демонстрирање и слобода на изразување“
XS
SM
MD
LG