Достапни линкови

Најкоментирано: Интервјуто со германската амбасадорка


Неделното интервју со германската амбасадорка Гудрун Штајнакер предизвикало интерес и поттикнало различни коментари од посетителите на нашата интернет-страна.

По интервјуто на колешката Гаџовска Спасовска со германската амбасадорка во Скопје, Гудрун Штајнакер, редовниот МК Обсервер напишал дека за него таа е неприфатлива личност затоа што постојано го навредувала македонскиот народ и државата во која е акредитирана, а Миле од Охрид гледа манипулација во заднината на интервјуто, зашто според него, Германија постојано ја поддржувала Македонија, а амбасадорката „се однесува како да не знае во која држава се наоѓа“.
Со овие зависници од кредити и од барок со примеси на антика, Запад ќе нè држи со Косово и Босна како територии со висок ризик и конечно ќе ни го дадат местото од минатото: географски поим со поделен народ на патриоти и предавници или лош и добар Македонец.

Истанбул.

Истанбул.

Горан од Куманово се чуди на поставувањето на прашањето за слобода на медиумите во земјава, па пишува дека самото гостување на амбасадорката во Радио Слободна Европа значело дека постои слобода на медиумите, зашто радиово било, како што вели, „сдс медиум“. Никола, од друга страна, смета дека Груевски му одговара на Западот затоа што ако во 2006 година останеше СДСМ на власт со принципиелната политика на небодење очи ќе нè доведеа до вратата на ЕУ. „Со овие зависници од кредити и од барок со примеси на антика“ - додава Никола, „Запад ќе нè држи со Косово и Босна како територии со висок ризик и конечно ќе ни го дадат местото од минатото: географски поим со поделен народ на патриоти и предавници или лош и добар Македонец“.

На колумната на претседателот на Социјалдемократската младина, Дарко Давитковски, во која ги споредува кревањето на народот во Турција и како што вели - „сетилото за преживување“ на Македонецот, повторно активниот МК Обсервер пишува дека овде не ќе се случи нешто како во Турција зашто „народот се крева против работи што иритираат, а моментално иритирате ти и твоите од СДСМ, на кои ви дадовме шут картон пролетта“. Димитар од Скопје е со сосема друго мислење: „И ние имаме авторитарен режим како во Турција, кој удира по сите, руши зелени површини со цел да царува урбаната мафија, ама поентата е што во Турција народот се крена, а овде најголем дел од граѓаните молчат, а уметниците протестираат против опозицијата“.

По нашиот прилог дека „Власта наоѓа пари за сè, но не и за загубарите“, Жана од Скопје смета дека во негативните коментари слушателите го испуштаат најбитното за да се брани владата.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG