Достапни линкови

Надворешниот долг на Албанија изнесува 5,33 милијарди евра


Надворешниот долг на Албанија на крајот од март достигна 5,33 милијарди евра, што претставува зголемување за пет насто, соопшти Централната банка на Албанија.

Долгот на албанската Влада изнесува 2,28 милијарди евра и е повисок за 2,4 отсто во споредба со крајот на 2012 година. Во растот на надворешниот долг големо влијание има приватниот сектор, односно кредитите земени од странски компании.

Долгорочниот надворешен долг на Албанија изнесува околу 3,5 милијарди евра.
Во текот на првите три месеци од годинава Владата се задолжи во странство со 570 милиони евра за секторите енергетика, урбана и рурална инфраструктура, водовод и канализација, здравството, за животната средина и за развој на приватниот сектор, пишува во извештајот на Банката.
XS
SM
MD
LG