Достапни линкови

Протести во Бугарија - се бара оставка на владата


Илјадници луѓе се собраа на протести во Софија и други градови низ Бугарија. Демонстрантите бараат оставка на социјалистичката влада која е на власт само две недели.
Премиерот Пламен Орешарски ги одби повиците за повлекување, нарекувајки ги крајно неодговорни и дестабилизирачки.
Неговиот кабинет во саботата ги исполни барањата на демонстрантите за повлекување на кандидатурата на медиумска личност како шеф на службата за државна безбедност.
Претходниот владин состав отстапи од власт по протестите предизвикани од растечките трошоци за живот во земјата.
XS
SM
MD
LG