Достапни линкови

Членките на Г8 ќе разговараат за Сирија


Дводневниот самит Г8 започнува денеска во Северна Ирска. Главна точка на агендата ќе биде конфликтот во Сирија. На оваа тема на маргините на настанот ќе разговараат американскиот претседател Барак Обама и неговиот руски колега Владимир Путин. Соединетие американски држави минатата недела најавија дека ќе ги снабдуваат со оружје сиријските бунтовници затоа што режимот на претседателот Башар ал Асад употребувал хемиско оружје. Во неделата Путин застана во одбрана на одлуката на неговата администрација за вооружување на приврзаниците на Асад, тврдејки дека со тоа Русија не ги крши меѓународните закони.
XS
SM
MD
LG