Достапни линкови

logo-print

Самарас не ја повлекува одлуката за затворање на ЕРТ


Грчката Влада нема да ја повлече одлуката за затворање на државната радио и телевизија ЕРТ, изјави денеска премиерот Андонис Самарас на партиска конференција во градот Нафплио. Во вторникот вечерта Владата донесе решение за затворање на ЕРТ и создавање нова медиумска куќа со помал број на вработени, што предизвика масовни протести во земјата и критики од меѓународните медиумски организации. Самарас потенцира дека „би било лицемерно од страна на Владата да направи чекор назад“, бидејќи неговата конзервативна партија Нова демократија, како и коалициските партнери, претходно потпишале договор со меѓународните кредитори на Грција, кој подразбира отказни решенија за 2.000 државни службеници оваа година.
XS
SM
MD
LG