Достапни линкови

Намален бројот на баратели на азил од Босна и Херцеговина


Бројот на барањата за азил на луѓе од Босна и Херцеговина за Шведска оваа година е драстично намалено, пишуваат сараевските медиуми. Според официјални податоци на шведската амбасада во Сараево, бројот на азиланти е речиси преполовен. Во првите 20 недели од оваа година барања за азил во Шведска имаат поднесено 175 државјани на БиХ, додека во истиот овој период во 2012 година биле регистрирани 333 азиланти. Босна и Херцеговина е на листите на земјите членки на ЕУ како зона од каде најчесто има многу барања за азил во државите од Западна Европа и Скандинавија.
XS
SM
MD
LG