Достапни линкови

Северна Кореа предлага дијалог со САД


Севернокорејските власти понудија отпочнување на дијалог на високо ниво со Соединетите американски држави при што ќе се дискутира за безбедносни прашања. Севернокорејските медиуми го пренесуваат соопштението на Државната комисија за одбрана преку кое се изразува надеж дека разговорите ќе ја намалат тензијата меѓу двете земји. Дополнително, во соопштението се предупредува дека САД не треба да наметнуваат предуслови за разговорите. За сега нема официјална реакција од американска страна.
XS
SM
MD
LG