Достапни линкови

Меѓународната заедница го поздрави исходот од изборите во Иран


Меѓународната заедница го поздрави изборот на Хасан Рохани за нов претседател на Иран, со надеж за обновување на дијалогот со официјален Техеран. Соединетите американски држави, кои со децении имаат тензични односи со Исламската република, соопштија дека го почитуваат исходот од гласањето и изразија подготвеност за директни разговори за разрешување на обвинувањата дека Иран создава нуклеарно оружје. Шефицата за надворешни работи на Европската унија Кетрин Ештон рече дека е целосно посветена да работи со Рохани за решавање на нуклеарниот спор. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун изрази надеж дека Иран ќе превземе конструктивна улога во регионалните и меѓународните односи.
XS
SM
MD
LG