Достапни линкови

logo-print

Битолската опозиција бара отчет за парите


Совет на општина Битола. Градоначалникот на Битола Владимир Талески и претседателката на Советот Силвана Анеѓлевска.

Совет на општина Битола. Градоначалникот на Битола Владимир Талески и претседателката на Советот Силвана Анеѓлевска.

Советниците од опозицијата бараат транспарентност и отчетност на општинските служби за тоа како се трошат општинските пари. Мнозинство објаснува дека општината со буџетот располага домаќински.

Продолжуваат кавгите во битолскиот совет околу трошењето на општинскиот буџет. Советниците од опозицијата бараат транспарентност и отчетност на општинските служби. Тие користејќи ги одредбите од Законот за слободен пристап до информации побараа увид врз аналитичките картички од повеќе сметки. Но, одговор велат дека не добиле.
Побаравме аналитички картички за состојбите на конта за кои имаме сомневање дека се трошат пари на крајно нетранспарентен начин.

„Побаравме аналитички картички за состојбите на конта за кои имаме сомневање дека се трошат пари на крајно нетранспарентен начин. Нашето барање е влезено во записник на комисијата и до денес немаме добиено ни позитивен, ни негативен одговор. Согласно законот за слободен пристап до информации од јавен карактер поднесов шест барање за добивање на аналитички картички со опис на промените за вкупно 42 конта од девет програми“, изјави Васко Ковачевски, советник од СДСМ.

Кон дискусијата се надворза Валентин Груевски, советник од ЛДП.

„Со Законот за слободен пристап до информации, секој граѓанин, а не само советник ако побара има право да добие информации општината колку струја, колку вода троши. Тоа е јавно.“
Контролата на материјалното и финансиското работење на општината го врши исклучиво Министерството за финансии.

Советничкото мнозинство објаснува дека општината со буџетот располага домаќински. Од Комисијата за надзор на финансиското работење велат дека според законите контролата врз буџетското трошење ја врашат државни институции, а не опозицијата.

„Контролата на материјалното и финансиското работење на општината го врши исклучиво Министерството за финансии. Ревизијата на финансиското работење го врши Државната ревизија. Опозицијата во Собранието има свои пратеници, па нека иницираат таму промени, измени и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, па тогаш дискусијата ќе биде сосема поинаква“, вели Николче Јанкуловски, претседател на Комисијата за надзор на финасиско работење.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG