Достапни линкови

logo-print

На факултет не се учи како се бара работа


По завршувањето на образованието младите се соочуваат со пазарот на трудот каде никој не ги научил како да бараат работа. Преку обука насловена „Како да најдам работа и да ја задржам?“, тие се обидуваат да ги научат вештините кои не ги научиле на факултетите.

Соочени со тешкотиите при барање и наоѓање вработување по завршување на високото образование дваесетина кумановци преку бесплатната обука насловена „Како да најдам работа и да ја задржам?“, се обидуваат да ги научат вештините кои не ги научиле на факултетите.
Младите кога ќе го завршат формалното образование се соочуваат со пазарот на трудот каде никој не ги научил како да бараат работа. Овој тренинг за општа вработливост им помага не само како да го напишат сивито, мотивационото писмо туку и како да дојдат до информација да најдат работно место и кога ќе ја поминат прелиминарната селекција треба да знаат како да се однесуваат, односно како да не се однесуваат на интервјуто.

Петар Атанасов од „Гешталт Солушнс“ вели дека ваквите обуки не се некој модерен тренд, туку потреба.

„Младите кога ќе го завршат формалното образование се соочуваат со пазарот на трудот каде никој не ги научил како да бараат работа. Овој тренинг за општа вработливост им помага не само како да го напишат сивито, мотивационото писмо туку и како да дојдат до информација да најдат работно место и кога ќе ја поминат прелиминарната селекција треба да знаат како да се однесуваат, односно како да не се однесуваат на интервјуто.“
Петар Атанасов, координатор во компанијата „Гешталт Солушнс“, која се занимава со обуки за вработување.

Петар Атанасов, координатор во компанијата „Гешталт Солушнс“, која се занимава со обуки за вработување.


Од досегашните обуки органзирани во девет општини во државава од 237 учесници, 46 се вработени. Многумина од нив се вработиле првите месеци по завршувањето на обуката. Атанасов додава дека компанијата и понатаму им нуди било каква помош која ќе им биде неопходна.

Во обуките е вклучен и психолог, а неговата улога според Благица Лскова е:
Знаењето стекнато на факултетот не е проблем, но не се обрнува внимание како да се дојде до работното место и како тоа да се задржи. Работните места во земјава се променливи. За еден момент може да се загуби работното место, а ние младите сме најголеми жртви.

„На младите да им ги пренесам искуствата како полесно да се снајдат, какви техники и методи да користат, какви практики и техники се користени и што нив им одговара најмногу.Тоа се практики и техники кои не можат да се научат на училиште. “

Оваа компанија соработува и со работодавачите, кои пак добиваат информација за методата на анализа на работното место, при што меѓу другото се потенцираат вештините на кандидатот, а се применуваат и биометриски тестови за мерење на капацитетот на кандидатот.

Лскова додава дека во реалниот сектор партиската книшка не е мерило за квалитетот. Во него се бараат луѓе кои прават профит.

„Профит прават луѓе кои имаат капацитети и способности да ја створат услугата што ја бара пазарот. “

Посетителите на обуката Стефан Величковски и Нина Веселиновска за обуките сметаат:

„Знаењето стекнато на факултетот не е проблем, но не се обрнува внимание како да се дојде до работното место и како тоа да се задржи. Работните места во земјава се променливи. За еден момент може да се загуби работното место, а ние младите сме најголеми жртви.“

„Се пријавив бидејќи сметам дека овие обуки се најдобар начин за стекнување вештини кои подоцна ќе ми користат за вработување и за зачувување на работното место. Сум била на многу вакви обуки, бидејќи образовновниот систем не го овозможува тоа, туку повеќе е со книги и со учење, а во праксата младите луѓе треба и нешто друго да знаат. Се стекнува и самодоверба, се учат вештини, се симулираат интервјуа со кои би се запознале какви се и што сме погрешиле и како да се подобриме себеси при аплицирање за работно место.“

Обуката организирана преку Компанијата „Гешталт Солушнс“ од Штип, поддржана е од локалната самоуправа Куманово и од амбасадата на Кралството Норвешка во Србија.

Во Општината Куманово има над 30 илјади невработени лица од кои голем број се и високообразовани.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG