Достапни линкови

logo-print

Ахмети: Сега е моментот да се реши спорот со името


Лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за Дојче веле оценува дека сега е моментот да се реши спорот за името со Грција, што би и го отворило патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Сепак, не е оптимист дека ова прашање ќе се реши во јуни со што би ги започнале преговорите за членство во ЕУ.Ахмети вели дека во владината коалиција има разбирање дека треба да се постигне компромис со грчката страна околу името. “Ние како Албанци ги информиравме сите партии од македонскиот политички блок со кои имиња не се согласуваме. Не се согласуваме земјата да се нарекува Словенска Република Македонија, ни Национална Република Македонија, ниту пак да остане во употреба Поранешна Југословенска Република Македонија. Секој друг компромис за нас е прифатлив. На пример: Горна Република Македонија, Северна Република Македонија и сл.” Вели Ахмети.
XS
SM
MD
LG