Достапни линкови

Конференција: „Обликување на Европа, добредојде Хрватска!“


„Обликување на Европа, добредојде Хрватска!“ е насловена конференцијата која се одржува во Загреб, а е организирана по повод влезот на Хрватска во Европската Унија. Конференцијата ќе ја отвори поранешниот претседател на Србија и почесен претседател на Демократската партија (ДС), Борис Тадиќ. Панелисти ќе бидат и министерот за надворешни работи на Бугарија, Кристијан Винегин и шефот на Комитетот за евроинтеграции во Хрватскиот Парламент, Даниел Мондекар. Теми на дискусија во рамки на конференцијата се членството на Хрватска во ЕУ и консеквенции за Хрватска и регионот, проширувањето на ЕУ и регионалната соработка, како и 20-годишнината на Европскиот форум, рефлексии и перспективи. На настанот присуствува пратеничката на опозициската СДСМ Радмила Шекеринска.
XS
SM
MD
LG