Достапни линкови

Прелиминарни резултати од гласањето за изборите во Иран


Парцијалните резултати од гласањето за претседателските избори во Иран покажуваат водство на кандидатот Хасан Рохани, еден од поранешните нуклеарни преговарачи за Исламската република. Тој може да постигне победа во првиот круг гласање со до сега освоени повеќе од 50 проценти од гласовите. Министерството за внатрешни работи соопшти дека преброени се пет милиони гласови а про-реформистот Рохани освоил повеќе од 52 отсто. Надлежните проценија над 70 процентна излезност.
XS
SM
MD
LG