Достапни линкови

"Фејсбук" добил 10.000 барања за информации од американските власти


“Фејсбук” соопшти дека добил околу 10.000 барања за кориснички податоци од локалните и федералните власти во Соединетите американски држави во втората половина на 2012 година. Барањата се однесувале на податоци од 19.000 корисници, се наведува во соопштението од најголемата социјална мрежа во светот. Од компанијата велат дека податоците биле предадени откако “Фејсбук” постигнал договор со властите. Се барале информации за исчезнати лица, бегалци и потенцијални терористички закани.
XS
SM
MD
LG