Достапни линкови

Нов повик за повлекување до турските демонстранти


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган повторно ги повика анти-владините демонстранти да го напуштат паркот Гези во Истамбул. Апелот следи по уверувањето на власта дека нема да ги сече дрвата во паркот, се додека судот не го одобри планот за изградба. Властите дополнително понудија распишување референдум за иницијативата. Демонстрантите, од друга страна, продолжуваат со протестите и бараат Ердоган да си поднесе оставка.
XS
SM
MD
LG