Достапни линкови

Што би сменило членството на Македонија во ЕУ?


Архивска фотографија: Еврокомесарот за проширување Штефан Филе во посета на Скопје.

Архивска фотографија: Еврокомесарот за проширување Штефан Филе во посета на Скопје.

Македонските граѓани сметаат дека влезот на нашата држава во ЕУ нема ништо битно да промени, туку дека и ние треба да постигнеме некое ниво со кое внатре нема да имаме проблеми.

Македонските граѓани сметаат дека влезот на нашата држава во ЕУ нема ништо битно да промени, туку дека и ние треба да постигнеме некое ниво со кое внатре нема да имаме проблеми. Според експертите, Македонија 10-та година по ред го живее статусот на земја кандидат меѓутоа во изминатите 20 години демократска транзиција малку нешто се промени, притоа особено алудирајќи на потребните промени во поглед на политичката свест.
Со такви политичари тешко дека нешто ќе ни се смени, дури и ако хипотетички влеземе во Европската унија, затоа што овие работи бараат време, значи бараат негување на политичка култура, создавање на политички лидери и воопшто личности во јавниот и во политичкиот живот кои ќе ги почитуваат тие европски стандарди во кои првенствено е политичката толеранција, респектот кон другиот дури и кога не се сложуваат меѓу себе и слично. Ова што деновиве го гледаме секако дава една сосема балканска слика, таа е многу, многу далеку од било какво пристојно општество.

Политичките елити, наместо да гледаат да направат нешто, постојано меѓусебно се обвинуваат за работите што ги направиле во минатото, а граѓаните и институциите никако да се ослободат од партиските стеги, велат луѓето. Актуелни се протестите и контра протестите пред Општината Центар, а на ова претходеа низа настани кои креираа идентична слика на меѓусебно обвинување и омаловажување под секое политичко ниво, исфрлање на пратеници од парламентот, а неможноста да си избере претседател на комисијата која сите настани ќе ги расветли траеше со месеци.
Eвроамбасадорот Аиво Орав во информативна кампања „ЕУ одблизу“.

Eвроамбасадорот Аиво Орав во информативна кампања „ЕУ одблизу“.


Професор Билјана Ванковска вели дека политичката култура се огледува секојдневно во начинот на кој политички елити се однесуваат меѓу себе конфронтирајќи се и перцепирајќи се едни со други како најголеми непријатели, а не како претенденти за власт. Втората димензија е нивниот арогантен однос кон граѓаните, цивилното општество, експертската заедница и сè она што го опфаќа овој демократски амбиент, вели Ванковска.

Не ми се верува дека ќе се смени со овие политичари. За влез во ЕУ првин треба да имаме стандард, кога не можеа Словенците да издржат, кај сме ние за Европска унија?! Нема шанси. Може да влеземе во ЕУ ама ако работникот има најмалку 100 евра плата, а не можеме со 100 евра плата и со млеко кое чини едно евро да влеземе во Европа. Кај го има тоа, никаде го нема.
„Со такви политичари тешко дека нешто ќе ни се смени, дури и ако хипотетички влеземе во Европската унија, затоа што овие работи бараат време, значи бараат негување на политичка култура, создавање на политички лидери и воопшто личности во јавниот и во политичкиот живот кои ќе ги почитуваат тие европски стандарди во кои првенствено е политичката толеранција, респектот кон другиот дури и кога не се сложуваат меѓу себе и слично. Ова што деновиве го гледаме секако дава една сосема балканска слика, таа е многу, многу далеку од било какво пристојно општество“, вели професор Билјана Ванковска.
Претседателот Ѓорге Иванов и евроамбасадорот Аиво Орав ги разменија знамињата на ЕУ и Македонија по повод Европскиот ден на знамето.

Претседателот Ѓорге Иванов и евроамбасадорот Аиво Орав ги разменија знамињата на ЕУ и Македонија по повод Европскиот ден на знамето.


Нетрпеливоста меѓу политичките субјекти е на ниво на постојан судир и тоа поради ситно политичко профитирање. Постојано живееме опкружени со закани за градење и уривање објекти, меѓутоа сè потивок е гласот на граѓаните, додека учесници во тн. протести се агитатори од партиите. Со сето ова што се случува, граѓаните размислуваат дека ако внатре во земјава не се променат работите не може ништо битно да се смени преку ноќ со декрет, односно со влегување во ЕУ. Многумина размислуваат дека влезот на Македонија во ЕУ ќе значи и доаѓање на европски цени кои македонските граѓани со нивниот стандард нема да може да ги следат. Некои од нив сметаат дека политичарите не согледуваат дека европеизацијата треба да почне од политичката свест, за да може да бидат и лидери на земја-членка на ЕУ.
Државата наша ќе почне да размислува во тригодишни, четиригодишни буџетски рамки и тогаш не ќе можете да си плаќате реклами на секој медиуми за да може добро да збори за вас, да си правите кампањи, мора парите да ги ставате во функција на она што е заедничка агенда на сите држави членки на ЕУ и на тој начин и развојот ќе дојде сам по себе.

„Не ми се верува дека ќе се смени со овие политичари. За влез во ЕУ првин треба да имаме стандард, кога не можеа Словенците да издржат, кај сме ние за Европска унија?! Нема шанси. Може да влеземе во ЕУ ама ако работникот има најмалку 100 евра плата, а не можеме со 100 евра плата и со млеко кое чини едно евро да влеземе во Европа. Кај го има тоа, никаде го нема.“

„Дали воопшто ќе влеземе јас сум скептик во тој поглед, а дали ќе се смени – не верувам. Затоа што кај нас обично премногу влијае политиката во секојдневниот живот и за вработување, и за градење, во сè.“

„Измешана е работата и јас не можам да зазема некаков став. Но мислам дека ќе биде полошо, мислам дека никој ништо нема да ни даде без ние сами да се заангажираме со работа и со чесност. Немаме стандард, цените ќе продолжат да се зголемуваат, ниедна цена до сега не се вратила назад, не верувајте дека некој ќе ни даде поевтино, тоа мора да си го заработиме. Треба помалку да зборуваме, а повеќе да работиме“, велат анкетираните граѓани.
Во Македонија ќе се прави некаква контрола од другите европски земји во поглед на демократијата, правната држава и владеењето на правото и слободните избори, бидејќи ќе се претпоставува дека и Македонија е влезена во тоа друштво каде што овие вредности ќе мора не само да се почитуваат формално како што е сега преку законите, туку и во пракса.

Граѓаните знаат дека нема преку ноќ да се збогатиме како држава ако влеземе во ЕУ и дека ќе биде битно подобро. Меѓутоа некои имаат чувство дека придобивките ќе бидат во тоа дека ќе биде се потешко да се излеваат пари од буџетот за партиски цели и дека ќе се направи контрола во поглед на владеењето на правото, демократијата и други области. Затоа многу политичари не сакаат влез во ЕУ .Тоа значи крај на излевање пари од буџетот за партиски цели, вели еден граѓанин.

„„Мислам дека законот ќе почне да владее во државата, кредитите што влегуваат ќе се трошат наменски како што треба, ќе има една контрола на се што влегува во државата, на секој денар, а не вака никој ништо не знае, ни колку влегле, ни колку излегле“, вели анкетиран граѓанин.
Сигурно има многу нешта што ќе треба да смениме и во нашите однесувања, туку и во однесувањата на институциите кои пристапот и функционирањето треба да го засноваат врз закон, а не врз партиски одлуки или партиски врски. Најверојатно на поединецот нема да му биде лесно да се приспособи кон стандардите на функционирањето на системот на ЕУ, оти тој е навикнат на системот на партиско поврзување, така што би била потреба една преодна фаза за да не толерираат на тој план.

Самото пристапување кон ЕУ трае неколку години. Затоа преговараме во 35 поглавја. И тоа практично значи дека ЕУ навлегува во секоја пора на општеството, вели Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование. Таа инсистира дека една од првите работи каде што ќе се почувствуваат придобивките во Македонија ќе биде во делот на корупцијата. Ќе биде сè потешко и потешко да се излеваат пари до државниот буџет, изјавува Димова, потсетувајќи дека Хрватска не можеше да стане членка, додека не го испорача поранешниот премиер Иво Санадер кој имаше финансиска афера. Тоа се придобивки во смисла на развој на демократијата, што за жал граѓаните нема веднаш да ги видат, но ќе ги почувствуваат понатаму, вели Димова.
Архивска фотографија: Средба на претседателот Ѓорге Иванов со еврокомесарот за проширување Штефан Филе Брисел, Белгија.

Архивска фотографија: Средба на претседателот Ѓорге Иванов со еврокомесарот за проширување Штефан Филе Брисел, Белгија.


„Државата наша ќе почне да размислува во тригодишни, четиригодишни буџетски рамки и тогаш не ќе можете да си плаќате реклами на секој медиуми за да може добро да збори за вас, да си правите кампањи, мора парите да ги ставате во функција на она што е заедничка агенда на сите држави членки на ЕУ и на тој начин и развојот ќе дојде сам по себе“, вели Димова.

Како да не ја констатираме, а практично во една држава каде што народот живее со просечна плата од 300 и нешто евра, со висока стапка на невработеност од преку 30 отсто, со исто толку висока стапка на сиромаштија, некако сме навикнати полесно да ја поминуваме таа криза, инаку ако овие параметри бидат релевантни за една членка на ЕУ тогаш тоа би се отфрлило како една огромна економска криза.
Благој Зашов беше амбасадор на Македонија во Романија до 2002 година. Судејќи според неговите зборови, работите што објективно ќе се сменат ќе произлезат од примената на законите. Не е прашањето само да се има закони кои се усогласени со европското законодавство, туку и тие закони да се спроведуваат така како што се налага и како во праксата што ќе биде во другите земји, коментира Зашов.

„Во Македонија ќе се прави некаква контрола од другите европски земји во поглед на демократијата, правната држава и владеењето на правото и слободните избори, бидејќи ќе се претпоставува дека и Македонија е влезена во тоа друштво каде што овие вредности ќе мора не само да се почитуваат формално како што е сега преку законите, туку и во пракса“, вели Зашов.

Мерсел Биљали очекува најголемата придобивка од влезот на Македонија во ЕУ да се одрази во постепеното ослободување од партиските стеги, како на граѓаните, така и на институциите.

„Сигурно има многу нешта што ќе треба да смениме и во нашите однесувања, туку и во однесувањата на институциите кои пристапот и функционирањето треба да го засноваат врз закон, а не врз партиски одлуки или партиски врски. Најверојатно на поединецот нема да му биде лесно да се приспособи кон стандардите на функционирањето на системот на ЕУ, оти тој е навикнат на системот на партиско поврзување, така што би била потреба една преодна фаза за да не толерираат на тој план“, вели Биљали.

Професор Билјана Ванковска интеграцијата во ЕУ ја замислува во смисла на тоа дека граѓаните не само што веќе ќе ја имаат остварено својата граѓанска сувереност и право да одлучуваат во сопствената држава, туку дека ќе имаат можност да одлучуваат за европските работи. Меѓутоа ние обратно ги поставуваме работите ако сакаме влезот во ЕУ да значи туторство, односно менторирање на неодговорните политички елити и да се фаќаме за тоа дека ЕУ ќе бидат контролори дали се кршат човековите права и процедурите, вели таа.

„Мислам дека Европската унија од нас првенствено очекува да се упристоиме, да почнеме да ги применуваме тие елементарни норми на демократијата, за да потоа бидеме и рамноправна членка, инаку сето тоа ќе се сведе на наше приоѓање како протекторат, за некои тоа е прифатливо, а за мене тоа е израз на незрелост и во таква една ситуација не би добиле многу повеќе со тоа што знаете некој однадвор би ви дисциплинирал елитите, а не граѓаните да ја имаат моќта да бидат слушнати, да одлучуваат за јавните работи и слично“, вели Ванковска.

Меѓутоа експертите посочуваат дека влезот во ЕУ ќе значи поттик и ќе значи отворање на некои нови можности и за граѓаните и за компаниите. На економски план тоа ќе значи поттик за земјоделството и приватниот капитал, поголема отвореност на границите кон странските инвестиции, заеднички стандард и поголема помош од институциите на ЕУ преку фондовите наменети за земјите членки. Меѓутоа, во исто време тие нагласуваат дека мора да се води сметка за тоа дека на економски план тоа може да значи и еден почетен удар во економијата. Влезот на еден голем пазар со нашата економија која е тотално неконкурентна и во која тешко се снаоѓаме се некои минуси за кои мораме да водиме сметка, велат тие.

„Во сегашните услови во коишто се развива ЕУ за жал има такви проблеми, структурни проблеми особено во поглед на вработувања, односно невработеноста и други проблеми коишто се од општествен карактер во смисла на зајакнување на десницата. Мислам дека нашите луѓе особено на почетокот ќе се разочараат од она што го очекувале, но тоа, пак, не е пречка да не се определиме за тој пат, туку треба трпени и паралелно треба голема мудрост на нашите политичари за да ја изведат Македонија на патот и помалку да размислуваат за своите партиски и лични интереси, а повеќе за државата“, вели Благој Зашов.

Меѓутоа кај граѓаните се јавува друг аспект на сомнеж за членство во ЕУ, а тоа е што некои од новодојдените членки во ЕУ како Словенија, но и оние што претходно станаа како Грција, се соочуваат со финансиска криза. Веројатно тоа ги одвраќа определен број граѓани кои сметаат дека ЕУ нема бариера во смисла да спречи еден финансиски колапс. Меѓутоа, според експертите, се добива погрешна претстава дека ако Македонија влезе во ЕУ и таа може да се најде во слична позиција. Тие изјавуваат дека во поглед на стандардот воопшто не може да се споредува нашата земја со земјите во ЕУ кои се зафатени со криза. Таму луѓето кои се соочуваат со закана да добијат отказ од работа поради мерките за штедење имаат просечни плати во висина од илјада евра, а во Македонија многу луѓе на истите работни позиции земаат плата и од 10 илјади денари. Според поранешниот амбасадор Нано Ружин, проблемот на кризата во некои земји на ЕУ е проблем на соочување со порастот на животниот стандард. Во Македонија, според Ружин, економската ситуација е толку лоша што луѓето веќе се апатични и имаат веќе рамнодушен став кон тоа што немаат.

„Како да не ја констатираме, а практично во една држава каде што народот живее со просечна плата од 300 и нешто евра, со висока стапка на невработеност од преку 30 отсто, со исто толку висока стапка на сиромаштија, некако сме навикнати полесно да ја поминуваме таа криза, инаку ако овие параметри бидат релевантни за една членка на ЕУ тогаш тоа би се отфрлило како една огромна економска криза.“

Коментирајќи ги актуелните финансиски кризи и улогата на државите, Ружин вели дека сите тие држави членки на ЕУ што навлегле во криза се одликувале со висока стапка на внатрешни инвестициски зафати и голем ангажман на средства насочени кон отворање нови работни места, кон подобрување на инфраструктурата, зголемување на стандардот, полесен пристап до кредити да се земе станбен објект итн.

Тоа значи дека некои се борат за поголем стандард, а некои за основни потреби. Сепак, Ружин не очекува кај нас луѓето да излезат и да се бунат поради сиромаштијата. Магичната формула кај нас е во т.н семејна солидарност. Две-три генерации во Македонија живеат заеднички и затоа не доаѓа до судир на социјалните предизвици, вели Ружин.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG