Достапни линкови

СДСМ доби четворица потпретседатели


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Професорите Ванчо Узунов и Фросина Ременски, Дамјан Манчевски и Александар Кирачовски се новите потпретседатели на СДСМ, одлучи Централниот одбор на партијата.

Пратеникот Оливер Спасовски е изгласан за генерален секретар, професор Рената Дескоска ќе претседава со Централниот одбор, а Јован Деспотовски е избран за секретар за меѓународна соработка.

На вечерашната седница Централниот одбор одлучи на 30 јуни да се одржи нов конгрес на кој треба да се донесе измена на Статутот, според кој Радмила Шеќеринска ќе стане заменик-претседател на СДСМ.
XS
SM
MD
LG