Достапни линкови

Во Гостивар балкански собир за поддршка на Ердоган


Под паролата "Ердоган, не се наведнувај, Балканот е со тебе" во Гостивар се одржа собир за поддршка на турскиот премиер. Покрај Турците од Македонија, на собирот присуствуваа и претставници од соседните земји. Собирот беше директно емитуван на турската национална телевизија ТРТ. Во пораката, која беше испратена од Гостивар и ја прочита Фуад Хаџи-Ејуп, претседателот на Форумот на млади, беше нагласено дека протестите во Турција кои беа мотивирани со настаните од Гези паркот во Истанбул, не се мотивирани од внатре, туку од провокатори за уривање на власта во Турција. Гостивар е избран како место за протест, не само поради тоа што во градот живее турско население, туку и затоа што турскиот премиер Ердоган во два пати, кога ја посети Македонија беше таму на средби со турските здруженија.
XS
SM
MD
LG