Достапни линкови

Исланд ги прекинува преговорите за членство во ЕУ


Исланд ги прекинува преговорите за членство во Европската унија. Новата исландска влада на десниот центар не гледа дека членството ќе и донесе на земјата предност, особено по брзиот пораст на исландската економија и кризата во Унијата. „Владата има намера да одржи референдум за ова прашање“, изјави во Брисел шефот на дипломатијата Гунар Браги Свеинсон, додавајќи дека Исланд и на други начини може да ги проширува врските со Европската унија. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави дека лично тешко ја прифаќа таквата одлука, но оти Унијата е за ги продолжување на преговорите.
XS
SM
MD
LG