Достапни линкови

Давитковски - Не политички заклучоци, туку факти


Ние нема да носиме политички заклучоци. Тоа не е наша работа. Ние сме експертски тим, којшто ќе ги забележи фактите и може да дадеме некоја препорака евентуално за подобрување на Деловникот или на некој закон ако тоа е причина за немилите настани на 24 декември, вели претседателот на Комисијата за 24 декември Борче Давитковски.

Членовите на Комисијата која ќе ги истражува настаните од 24 декември минатата година денеска на првата средба во кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов се договорија од утре да започнат со работа. Наредната средба ќе се одржи во Клубот на пратеници каде ќе се разгледува Деловникот за работа и насоките како ќе функционира Комисијата. Претседателот на Комисијата Борче Давитковски по средбата изрази надеж дека извештајот за настаните на 24 декември ќе го завршат во дадениот рок од 60 дена.
Ние утврдуваме факти. Ние нема да носиме политички заклучоци. Тоа не е наша работа. Ние сме експертски тим, којшто ќе ги забележи фактите и може да дадеме некоја препорака евентуално за подобрување на Деловникот или на некој закон ако тоа е причина за немилите настани на 24 декември.

„Ние утврдуваме факти. Ние нема да носиме политички заклучоци. Тоа не е наша работа. Ние сме експертски тим, којшто ќе ги забележи фактите и може да дадеме некоја препорака евентуално за подобрување на Деловникот или на некој закон ако тоа е причина за немилите настани на 24 декември“, вели Давитковски.

Според него, кај политичките партии има волја за договор.

„Јас мислам има голема волја и кај едните и кај другите и сакаат да се најде решение. Мислам дека тоа е добар знак и дека во предвидениот рок сигурно ќе го направиме извештајот и ќе го доставиме онаму каде што треба“, вели Давитковски.
Јас мислам има голема волја и кај едните и кај другите и сакаат да се најде решение. Мислам дека тоа е добар знак и дека во предвидениот рок сигурно ќе го направиме извештајот и ќе го доставиме онаму каде што треба.

Сè уште не се знае како Комисијата ќе ги донесува одлуките - дали со консензус или гласање, што според политичкиот аналитичар Алајдин Демири е од најголема важност.

„Ако се бара консензус никогаш не може да се одлучи, нити, пак, ќе има одлука, а ако се оди на надгласување, мислам дека ќе има одлука, без да прејудицирам дали ќе биде ваква или онаква. Во овие комисии е многу важен начинот на одлучување“, вели Демири.

Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски вели дека со оглед на тоа дека партиите се договорија за изборот на претседателот на Комисијата, ќе се договорат и за сè останато.

„Со оглед дека сега еве постои некаков дух на соработката меѓу партиите, верувам дека и самите членови на партиите ќе бидат конструктивни наместо на некој начин да се обидат да ја саботираат, условно, работата на таа комисија“, вели Божиновски.

Останатите членови на Комисијата се Благородна Дулиќ и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и Рената Треновска Десковска и Љубомир Фрчкоски од СДСМ. Нејзиното формирање беше дел од политичкиот договор меѓу двете партии постигнат во март оваа година со кој се стави крај на политичката криза.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG