Достапни линкови

Конституирана комисијата за 24-ти декември


Денеска беше конституирана е Комисијата која треба да ги расчисти случувањата во и пред Собранието на Република Македонија на 24 декември минатата година. Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ денеска се сретнаа кај претседателот Ѓорге Иванов по што изјава за медиумите даде претседателот на Комисијата професорот Борче Давитковски.
- Има голема волја за расчитување на настаните и кај едните и кај другите, рече професорот Давитковски. Тој најави дека Комисијата од утре редовно ќе се состанува и ќе предложи членовите да прифатат деловник за работа во којшто ќе биде предвиден и начинот на донесување одлуки. Давитковски рече дека станува збор за правна комисија која во рок од 60 дена треба да утврди факти без да носи политички заклучоци. Најави дека евентуално комисијата може да донесе одредени препораки за измени на, како што рече, Деловникот за работа на Собранието или одредени закони.
XS
SM
MD
LG