Достапни линкови

Кире Лазаров објави книга со наслов "7"


Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров денеска во Скопје ја промовираше своја прва книга со наслов „Седум“.
Тој пред присутните изрази големо задоволство за, како што рече, новиот проект кој е различен од одење на европско или светско првенство.
Книгата е во распон од 7 – 77 страници, содржи седум глави, седум фотографии во боја, а во неа има записи од седум блиски пријатели на Лазаров. Настапувајќи за македонската репрезентација Лазаров го носи дресот со број 7, а во Атлетико Мадрид го носеше дресот со бројот 77.
- Со објавувањето на информацијата за договор со Барселона на 7 јуни, се заврши еден циклус кој ме вивна таму каде што сум денес. Многу сум горд на досегашните постигнувања во мојата кариера. Следниот циклус треба да биде пополнувања на празнините во досегашната кариера, истакна Лазаров.
На промоцијата присуствуваа претседателот на ФРМ Живко Мукаетов, селекторот Ивица Обрван, комплетната македонска ракометна репрезентација и голем број други јавни личности, новинари и гости.
XS
SM
MD
LG