Достапни линкови

Модерно време - стари навики


Мустафа Јакупов, извршен директор на Регионалната ромска образовна младинска асоцијација од Кратово.

Мустафа Јакупов, извршен директор на Регионалната ромска образовна младинска асоцијација од Кратово.

За мене, како припадник на ромската заедница, геноцидот и „Аушвиц“ се уште постојат, реални како никогаш досега, а не како сеќавање за сонот на еден луд човек, туку како кулуминација на еден комплексен историски процес кој што уби над еден милион луѓе. Дали успеа човештвото да порасне после тој процес?, пишува во младинската колумна на Радио Слободна Европа, Мустафа Јакупов, извршен директор на Регионалната ромска образовна младинска асоцијација од Кратово.

Велат патот до Аушвиц е изграден со омраза, а поплочен со рамнодушност. Антисемитизмот, хомофобијата, ромофобијата, изградба на концентрациони логори, убивањето на пониската раса и уште еден куп други работи беа само дел од тогашната идеологија на нацистичка Германија. Во контекст на тогашниот режим, поголемиот дел од германската популација се однесуваше рамнодушно кон тоа што се случувало, игнорирајќи ги милионските крици за помош од над 11 милиони загинати луѓе, од кои над 1,5 милиони беа Синти и Роми.
Успеавме ли да станеме подобри луѓе за 70 години? Многу работи се променија за 70 години, само што војната и геноцидот ја променија маската на хорор во маска за ослободување, креирајќи нови геноциди, нови диктатори и нови војни. Останаа само „утописките“ декларации за надминување на човековата лакомост, неговата омраза, страв и желба за моќ.

Денес, со подемот на ксенофобијата, расизмот и екстремно-десничарските движења низ Европа и светот, подигањето на свеста и ширењето на знаење за ромскиот геноцид се јавува како нужна потреба. Улогата на младите во овој процес е од огромно значење. Сеќавање и комеморирање за геноцидот мора да има, затоа што треба да учиме за иднината сеќавајќи се на минатото, но треба да делуваме во сегашноста за да спречиме минатото да се повтори во иднината.

За мене, како припадник на ромската заедница, геноцидот и „Аушвиц“ се уште постојат, реални како никогаш досега, а не како сеќавање за сонот на еден луд човек, туку како кулуминација на еден комплексен историски процес кој што уби над милион луѓе. Дали успеа човештвото да порасне после тој процес?

Успеавме ли да станеме подобри луѓе за 70 години? Многу работи се променија за 70 години, само што војната и геноцидот ја променија маската на хорор во маска за ослободување, креирајќи нови геноциди, нови диктатори и нови војни. Останаа само „утописките“ декларации за надминување на човековата лакомост, неговата омраза, страв и желба за моќ. На некој начин XX-тиот век стана гробница на човековата надеж за подобро утро!
Надеж за „нас“ постои! Да, бидејќи младите го имаат клучот на нашата иднина во своите раце.

Сведоци сме на „Ромофобија“ низ „нашата“ Европа, каде што „различните“, односно Ромите се третираат како закана на културната хегемонија. Се фаворизираат нацистички идеологии, бранејќи ги како слобода на говор, не водејќи притоа сметка за последиците. Последици, какви што се депортациите на Роми од Франција, протестите и убиства во Бугарија, присилна стерилизација на ромските жени во Словачка, т.н. справување со бранот на „лажни азиланти“ со ограничување на слободата на движење на ромското население во Македонија, зголемен број на ромски ученици во специјализирани училишта, секојдневна „стигматизација“ од страна на некои медиуми, дискриминација и стереотипи.

Зошто, не престана „геноцидот“ врз Ромите после 1945? Можеби, поради тоа што општеството смета дека таквата дискриминација е социјално прифатена од мнозинството. Но, дали тогаш смееме да ја наречеме Европа дволична? Дали сме достојни да се нарекуваме цивилизирани, ако посакуваме некого да го снема од лицето на земјата? Дали заслужуваме да се нарекуваме луѓе, после злочините кои си ги нанесуваме еден на друг водејќи се од нашите емоции? Или стануваме „луѓе“ кога успеваме да ги контролираме емоциите, без да повредиме некого?

Надеж за „нас“ постои! Да, бидејќи младите го имаат клучот на нашата иднина во своите раце. Зависи од нив, дали ќе поминат низ вратата која што води до еднакво општество, кој што ќе се сеќава на минатото и грешките, и ќе може да учи од нив или ќе зачекораат низ вратата која што води кон кошмарот на изолација, национализам и омраза.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG