Достапни линкови

logo-print

Чешката влада разнишана од голем корупциски скандал


Чешкото обвинителство, по вчерашната голема акција на финансиската полиција, покрена обвиненија против 7 лица, вклучувајки ја и шефицата на кабинетот на премиерот Петар Нечас, поранешни пратеници, како и двајца воени разузнавачи, соопшти денеска обвинетелот Иво Иштван. Станува збор за еден од најголемите корупциски скандали во Чешка. Опозиционите Социјал-демократи соопштија дека очекуваат од премиерот Нечас да си поднесе оставка, а доколку тоа не се случи, тие во парламентот ќе бараат гласање за доверба на владата.
XS
SM
MD
LG