Достапни линкови

Го сакам ГТЦ - не сакам Барок


Со јавно собирање на потписи во центарот на Скопје започна иницијативата „Го сакам ГТЦ“ чија цел е зачувување на духот и карактерот на објектот. Попладнето е планирано да има обраќања на познати уметници, писатели и публицисти, како и да се формира обрач од прегратки околу трговскиот центар, со цел да се каже не за „ облекувањето“ на ГТЦ во барок. Неодамна и градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски потврди дека е можно да се спаси ГТЦ од барок, но дека тоа ќе зависи од работата на општинскиот совет. Во меѓувреме и дуќанџиите на трговскиот центар изразуваат револт затоа што не се консултирани од страна на управата при одлуката за промена на ГТЦ и при изборот на идејното решение. Велат дека со барокното идејно решение се губи духот на зградата препознатлива за Скопје. Настанот го организира Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

XS
SM
MD
LG