Достапни линкови

logo-print

Власта наоѓа пари за сè, но не и за загубарите


Вработените во Еурокомпозит се на генерален штрај, работниците во Охис речиси секојдневно ја блокираат улицата пред нивната фирма, бараат плати и здравствено осугурувања. Државата неколку пати распишува тендери за нивна продажба, но засега неуспешно.

Од споменици до барокни фасади и шпански скали – се чини дека власта наоѓа пари за сè само не за државните загубари. Синдикалците посочуваат дека токму владата е одговорна да ги исплати овие работници кои чекаат плата и по 20 месеци.
Јас лично имам 3-4 картички во минус и се подлабоко и подлабоко одам во минус, кој ќе не вади јас не знам!

Ситуацијата во „Еурокомпозит“ ескалираше со генерален штрајк откако вработените со заостанати плати една и пол година останаа без здравствено осигурување.
Протест на вработените во фабриката Еурокомпозит во Прилеп.

Протест на вработените во фабриката Еурокомпозит во Прилеп.


„Јас лично имам 3-4 картички во минус и се подлабоко и подлабоко одам во минус, кој ќе не вади јас не знам!“

„Секоја недела извршителите ни се над глава.“

Потензична е атмосферата во некогашниот гигант „Охис“. Вработените три години се без сини картони а им доцнат 20 плати.
Ние една година сме без плата, но владата не решава ништо иако е комптентна тоа да го направи. Тендери, тендери, тоа е само залажување на народот.

„Ние една година сме без плата, но владата не решава ништо иако е комптентна тоа да го направи. Тендери, тендери, тоа е само залажување на народот.“

„Сопругата ми е без работа, се пријавува во Завод, бара сини картони, од таму и велат дека не и следуваат затоа што има вработен во семејството, а вработениот е и без пари и без сини картони.“

На дел од вработените не им е јасно како државата планира да ги продаде загубарите.

„Долгот е голем, има долг преку 20 милиони евра, боите се дадени под хипотека и затоа се тешки за продажба.“

Дополнително дел од вработените во Охис велат дека одредени погони се демонтираат што фрла сенка на критериумот продажба на загубарите под услов задржување на сите вработени. Имено, што ќе прават работниците ако погоните се уништуваат? Посуштинско прашање е како покрај разните владини расходи со народни и позајмени пари не се најдоа пари за овие работници?

Синдикалецот Пеце Ристески вели дека иако се државни, овие фирми не се јавни претпријатија.

„Државата тука сака да се извлече имајќи в предвид дека тие не се јавни претпријатија, тие не се државни установи односно државна администрација, јавен сектор каде уште со носењето на буџетот се предвидуваат средства, додека за оваа намена само ад хок кога ќе се изврши некој притисок или во некои други случаи.“

Намалениот број на нарачки директно се одрази на примањата на вработените, објаснува Ристески.

„Тој обем е намален, реализацијата е намалена, плаќањето е отежнато и затоа е доведено во оваа ситација. Само за Емо можам да споменам дека ситуацијата таму е позната, таму има друштва со ограничена орговорност, односно ДООЕЛИ во кои работниците немаат земено по 30-40 плати.“

Инаку, додека вработените во Еурокомпозит се на генерален штрај, работниците во Охис речиси секојдневно ја блокираат улицата Борис Трајковски. Проблематична е состојбата и во ЕМО од Охрид.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG