Достапни линкови

logo-print

Ирански агенти им се заканувале на семејствата на вработените во Би Би Си и РСЕ


Техеран, 14.06.2013

Техеран, 14.06.2013

Би Би Си и Радио Слободна Европа, Радио Фарда, соопштија дека иранскиот режим им се заканувал на семејствата на новинарите кои работат за овие два медиума. Би Би Си прецизира дека ирански агенти ги предупредиле семејствата на 15-мина вработени во Персискиот сервис да престанат да работат за тој медиум заканувајки им се дека нивните животи нема да бидат безбедни, а тие ќе останат без работа, пензии и ќе им биде забрането патувањето надвор од Иран. Директорот на Радио Слободна Европа, Радио Фарда, Арманд Мостофи изјави дека заканите биле интензивирани во последно време, главно поради претседателските избори во Иран, кои се одржуваат денеска.
XS
SM
MD
LG