Достапни линкови

Средба на Комисијата за настаните од 24 декември


Првата средба на Ад-хок комисијата за случувањата пред и во Собранието на Македонија на 24 декември во минатата година ќе се одржи денеска. Во присуство на претседателот Ѓорѓе Иванов на заедничка маса ќе седнат претседателот на Комисијата и декан на Правниот факултет, Борче Давитковски, универзитетските професори Рената Дескоска и Љубомир Фрчкоски предложени од СДСМ, и пратениците Благородна Дулиќ и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ. На првиот состанок не се очекува суштинска расправа, туку да бидат утврдени процедурите по кои ќе работи Комисијата и местото каде што ќе заседава.
Комисијата најмногу за два месеца треба да подготви извештај и заклучоци за настаните од 24 декември. Формирањето на Комисијата, што беше дел од политичкиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ постигнат во март оваа година.
XS
SM
MD
LG