Достапни линкови

logo-print

Советот за безбедност на ОН ќе расправа за Косово


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска во Њујорк ќе го разгледа редовниот тримесечен извештај на генералниот секретар Бан Ки Мун за ситуацијата на Косово. Во извештајот се поздравува спогодбата меѓу Белград и Приштина за нормализација на односите, постигната на 19 април во Брисел.
Бан ки Мун оцени дека тоа е историски успех со кој шансите за надминување на наследството од конфликтот и за помирување и стабилност се поголеми од кога и да е досега.
XS
SM
MD
LG