Достапни линкови

Ердоган се сретна со демонстрантите во Анкара


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган оствари средба со анти-владините демонстранти во Анкара со цел да се стави крај на двонеделните немири во земјата. Пред средбата Ердоган упати како што го нарече последно предупредување до демонстрантите да го напуштат паркот Гези во близина на плоштадот Таксим во Истанбул.
И градоначалникот на Истанбул Хусеин Авни Мутлу ги повика демонстрантите на разговори. Протестите се против контроверзниот план за изградба на трговски центар и џамија во паркот Гези.
XS
SM
MD
LG