Достапни линкови

logo-print

Утре прв состанок на Комисијата за настанитe од 24.12


Утре ќе биде одржана првата средба на Ад-хок комисијата за случувањата пред и во Собранието на Република Македонија на 24 декември лани. Во присуство на шефот на државата на заедничка маса ќе седнат претседателот на Комисијата и декан на Правниот факултет, Борче Давитковски, универзитетските професори Рената Дескоска и Љубомир Фрчкоски предложени од СДСМ, и пратениците Благородна Дулиќ и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
На првиот состанок не се очекува суштинска расправа, туку да бидат утврдени процедурите по кои ќе работи Комисијата и местото каде што ќе заседава. Комисијата најмногу за два месеца треба да подготви извештај и заклучоци за настаните од 24 декември. Формирањето на Комисијата, што беше дел од политичкиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ постигнат во март оваа година.
XS
SM
MD
LG