Достапни линкови

САД - откриен дневникот на нацистот Розенберг


Алфред Розенберг, нацистички функционер и еден од клучните советници на Адолф Хитлер

Алфред Розенберг, нацистички функционер и еден од клучните советници на Адолф Хитлер

Во САД е објавен воениот дневник на Алфред Розенберг, нацистички функционер и еден од клучните советници на Адолф Хитлер.
Официјални лица од Одделот за домашна безбедност и на Министерството за правда им се приклучија на претставници на Меморијалниот музеј на Холокаустот четврток на разговари за 400 ракописни страници од дневникот. Розенберг беше осуден за воени злосторства на Нирнбершките процеси по Втората светска војна и егзекутиран во 1946 година.
Неговиот дневник бил пронајден меѓу документите кои ги чувал адвокат на владата на САД на тие судења, а кој почина во 1993 година. Музејот на холокаустот соопшти дека откритието ќе им даде на научниците нов увид во политиката на нацистите.
XS
SM
MD
LG