Достапни линкови

logo-print

Не може да се забрза екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ


Блерим Беџети

Блерим Беџети

Министерството за правда ги има преземено сите неопходни активности, но нема правна регулатива за да преземе дејствија за побрза екстрадиција на двајцата првообвинети во случајот „Монструм“ Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, смета министерот за правда Блерим Беџети.
Во скопскиот Кривичен суд инаку денеска продолжи судскиот процес во кој на Демири и Исмаиловиќ им се суди во отсуство за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро што се случи лани на 12 април.
Во судницата беа другите од групата обвинета за тероризам и помагање тероризам, Агим Исмаиловиќ, Сејди Рами, Фејзи Азири и Хаки Азири. Се изведуваа материјални докази.
XS
SM
MD
LG