Достапни линкови

Протест на студентите во Мостар - во владата да се намалат платите


Околу 400 тини студенти и вработени од универзитетот „Џемал Биједиќ“ во Мостар денеска одржаа мирен протест на кој е побарано подобрување на студентскиот стандард и намалување на платите на државните функционери. Претседателот на Унијата на студенти Харис Шабановиќ изјави дека студентите од Владата бараат исплата на сите заостанати долгувања кон Универзитетот и преземање на основачките права над Универзитетот. Побарано е и намалување на платите на претседателот на Владата, на министрите и пратениците за барем десет отсто, како и на сите вработени во Владата за пет отсто, пренесоа босанските медиуми. Вчера и во Бања Лука протестираа околу 2.000 студенти, кои пред Владата изнесоа свои барања врзани за социјалната положба на студентите, но и изразија незадоволство од општата состојба во општеството
XS
SM
MD
LG