Достапни линкови

Иницијатива „Го сакам ГТЦ“, организира собирањето на потписи, кое ќе се одвива во текот на целиот утрешен ден пред влезот на ГТЦ, а за попладне се најавени говорите на познати уметници, за на крај, граѓаните да направат една прегратка околу објектот.

Собирање на потписи, јавно говорење на познати уметници, писатели, публицисти, а потоа обрач од прегратки околу Градскиот трговски центар, најавуваат од Асоцијацијата на архитекти за утре. По најавата дека Градскиот трговски центар ќе добие нов лик започна иницијатива „Го сакам ГТЦ“, која се застапува за зачувување на духот и карактерот на трговскиот.
По предложената измена и трансформација на овој објект, сметавме дека толку важен објект за историјата и културата и функционирањето на еден град треба многу внимателно да се третира и заради тоа одлучивме да реагираме за да не се упропастат и уништат неговите суштински вредности.

„По предложената измена и трансформација на овој објект, сметавме дека толку важен објект за историјата и културата и функционирањето на еден град треба многу внимателно да се третира и заради тоа одлучивме да реагираме за да не се упропастат и уништат неговите суштински вредности“, вели Даница Павловска, претседателка на Асоцијацијата на архитекти во заминување.
Даница Павловска, претседателка на Асоцијацијата на архитекти во заминување.

Даница Павловска, претседателка на Асоцијацијата на архитекти во заминување.


Изминатиот период бевме сведоци на неколку граѓански иницијативни со цел да се запре со некоја идеја за преуредување и промена на ликот на центарот на градот. Прво имаше протести на Плоштадот Македонија, а и контра протести. Се побунија граѓаните против изградбата на црква на плоштадот, за по неколку протести, тепачки, насилства од страна на учесниците на контра протестите, црквата да добие нова маркичка за изградба.

„Ме нападнаа физички зошто дојдов да го кажам моето право против изградба на црква на плоштадот.“

„Ние тука сме со православната црква, ние сме со љубов кон госпо, со вера и надеж.“

Потоа имаше протести на неколку албански здруженија кои бараа да се изгради Бурмали џамија на плоштадот. На тоа место сега е предвидено да се гради хотел.

„Постојаното игнорирање на нашите повеќегодишни барања до Владата на Република Македонија за враќање на Вакафот и за дозвола за обнова на Бурмали џамија на местото каде што постоела неколку векови, овие денови за жал го достигна највисокиот степен на институционална дрскост дозволувајќи почеток на градежните работи за хотелот. Сметаме дека ова непромислено дело претставува тешка провокација за верските чувства на муслиманите во целина и удар на и онака кревките меѓуетнички и меѓуверски односи во Република Македонија“, Јасмин Реџепи.

Па имаше случувања околу изградба на црква на скопското кале. После сè, надлежните го затворија Калето за посетители.

Неколку невладини организации организираа т.н. жива ограда и ја излепија оградата на мостот кај Холидеј ин со лажни евра, во знак на протест против најавата за реконструкција на оградата на мостот, за која требаше да се потрошат речиси 2 милиони евра. Новата ограда сè уште не е поставена.
Последен пример е со сечењето на дрвја карши хотел Бристол, за да се градат државни објекти и катна гаража. Граѓаните ги штитеа дрвјата, но надлежните во среде ноќ ги исекоа.

„Ако толку имаат мерак на овој простор овде, нека дојдат нека ни ги откупат становите, нека ни откупат се, па нека не иселат со сила“, рече станар на кулите карши хотел Бристол.“

Утре, пак, ќе се брани Градскиот трговски центар за да не добие барокен изглед. Според организаторите на настанот „Го сакам ГТЦ“, потребни се околу 500 луѓе за да се прегрне објектот. Собирањето на потписи ќе се одвива во текот на целиот утрешен ден пред влезот на ГТЦ, а за попладне се најавени говорите на познати уметници, за на крај, граѓаните да направат една прегратка околу објектот.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG