Достапни линкови

Ердоган со последно предупредување до демонстрантите


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган упати, како што наведе во денешното телевизиско обраќање до нацијата, последно предупредување до демонстрантите да го напуштат паркот Гези во близина на плоштадот Таксим во Истанбул. Протестите почнаа пред две недели против контроверзниот план за изградба на трговски центар и џамија во паркот. Тие подоцна прераснаа во антивладини протести во кои загинаа најмалку четири луѓе. Стотици демонстранти и натаму се наоѓаат на плоштадот и покрај понудата на Ердоган да одржи референдум за планот.
XS
SM
MD
LG