Достапни линкови

logo-print

Советот на општина Центар заседава, нема демонстрации


Од протестите пред општина центар на 6 јуни.

Од протестите пред општина центар на 6 јуни.

Советот на општина Центар денеска ја започна работата на седницата на чиј дневе ред, меѓу другото, е и Деталниот Урбанистички план. За разлика од минатите денови кога заседаваше Советот, сега пред општината нема демонстрации. Советниците се уште , од друга страна,не можат да се договорат околу дневниот ред, односно за тоа дали на оваа или на следната седница ќе го разгледуваат тримесечниот буџетски извештај на општината за кој се поднесени стотина амандмани.
Во меѓувреме претставници на граѓанската иницијатива „Веритас“ се сретнале со директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа Ванчо Шехтански кој им објаснил дека добил преставка од ВМРО-ДПМНЕ за деталниот урбанистички план по која не може да постапува се додека не биде изгласан.
XS
SM
MD
LG